Влатко Стојановски во француски Ним за 1,5 милион евра

Најдобриот стрелец во македонскиот шампионат изминатава сезона Влатко Стојановски кариерата ја продолжува во францускиот прволигаш Ним.

22-годишниот офанзивец одличната сезона во дресот на Ренова ја круниса со трансфер во една од Топ 5 лигите во Европа, денеска и официјално потпишувајќи тригодишен договор со Ним. Целокупниот трансфер е реализиран за вкупна сума од 1,5 милион евра.

Стојановски претходно во својата кариера настапуваше и за Металург во македонскиот шампионат, а има играно и за хрватските Сплит и Дугопоље.

Се вчитува...