Обвинители од Хрватското јавно обвинителство утрово влегле во просториите на фудбалската федерација на Хрватска (ХНС) и ја барале на увид документацијата поврзана со спонзорските договори, објавија најголем дел од хрватските медиумим.
Според медиумите, обвинителите ги побарале записниците од седниците на Извршниот одбор на ХНС на кои се носеле одлуки за спонзорствата. „Јутарњи лист“ пишува дека обвинителите сакале да дознаат дали имало исплати на провизии при склучувањето на спонзорските договори, и доколку имало, дали ги добивале луѓето во ХНС.
Обвинителите сакале да увид да ја имаат документацијата од неодамна потпишаниот спонзорски договор со германскиот производител на спортска опрема „Адидас“.
По објавите на медиумите, се огласија и од ХНС кои демантираат дека имало упад во просториите на Федерацијата. Од ХНС велат дека надлежните органи од претходно побарале одредена документација, а новото барање за дополнителни документи пристигнало токму денеска.
„Во врска со бројните медиумски прашања и извештаи за наводна „рација на обвинители“ во ХНС денеска, сакаме да појасниме дека таквите тврдења не одговараат на вистината. Претставници на надлежните органи побараа документација од ХНС пред неколку месеци, како дел од проверките што се спроведуваат и во други национални спортски федерации, по јавните сознанија за неправилности во работењето на една национална федерација. ХНС ги поздравува активностите на надлежните институции насочени кон проверка на законитоста на работењето на спортските организации, со цел да се отстранат какви било сомнежи и да се заштити интегритетот на хрватскиот спорт. ХНС ја достави целата побарана документација до надлежните органи и, како и секогаш, им стои целосно на располагање. Денес, ХНС преку писмено известување доби барање за дополнителна документација. Нагласуваме дека денес немаше никаква „рација“ ниту доаѓање на обвинители во ХНС“, стои во сопштението на ХНС.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
