Влета на терен, го фатија пред да стигне до Роналдо, но … (видео)

Кристијано Роналдо се уште е фудбалски бог во Манчестер, па така еден домашен навивач се обиде за време на првото полувреме од мечот со Јувентус да стигне до својот идол, во периодот кога „ѓаволите“ требаше да изведат слободен удар.

Обезбедувањето стигна пред навивачот да дојде до Роналдо и го турна на земја, но Кристијано ги изненади сите откако му пријде на својот фан, подавајќи му ја раката за поздрав, по што следеа и аплаузи од страна на присутните на „Олд трафорд“.

 

Се вчитува...