Влезниците за дуелот на ракометарите против Романија за 100 денари

Ракометната репрезентација на Македонија в четврток на домашен терен ќе ја пречека Романија во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на Светскотот првенство 2023 година.

Како што објавија од Ракометната федерација на Македонија цената на билетите за овие мечеви ќе биде симболични 100 денари. Реваншот во Романија ќе се одигра два дена подоцна, односно во сабота.

„Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во четврток (17.03.2022 г.), со почеток во 19:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра бараж натпреварот во рамки на Men’s World Championship 2023 Qualification Europe – Phase 2 Part 1 против селекцијата на Романија.
Продажбата на влезници за натпреварот започнува денес (11.03.2022 г.) од 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари.
Продажна мрежа – МК Тикетс
Скопје:
ЛитератураМК Super Store – City Mall
ЛитератураМК – Буњаковец
ЛитератураМК – Веро Центар
ЛитератураМК – улица Македонија
ЛитератураМК – ГТЦ приземје
ЛитератураМК – Ramstore Mall
Макпетрол – Козле
Макпетрол – Порта Влае
Макпетрол – Илиндеска
Југотон – ГТЦ 1
Велес: Унисон
Прилеп: ТА Бран
Куманово: Тобако Агора
Тетово:
Тобако Монако
Гранд Тобако
Гостивар: Тобако Вона Пет
Охрид: ТА Вис Пој
Битола: ЛитератураМК
Струмица:
ТА Сафари
ЛитератураМК
Ве информираме дека натпреварот ќе биде организиран согласно важечките протоколи за организација на спортски настани и одлуките на Владата за превентивни мерки против вирусот Ковид-19.
При присуство на натпревар односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи :
– сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од вирусот Sars-Cov-2 против заразната болест Covid-19 или :
– сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравување“, стои во соопштението на Ракометна Федерација на Македонија.

Се вчитува...