Влезот за денешниот дуел со Летонија е слободен: Да ја поддржиме МАКЕДОНИЈА!

Македонската репрезентација пред гостувањето во Кардиф против Велс во вторник (18 ноември), вечерва од 18 часот на арената „Тодор Проески“ ќе биде домаќин на Летонија во пријателскиот натпревар како загревање за она што ги очекува момците на Благоја Милевски за пет дена на Островот.

Па, на последниот домашен дуел пред финалниот квалификациски дуел, Фудбалската федерација на Македонија се одлучи за крајно популарен потег ширум отворајќи ги вратите на нашиот најголем стадион за сите љубители на фудбалот и поддржувачи на националниот тим.

Влезот за вечерашниот натпревар со Летонија на арената „Тодор Проески“ е слободен! Да ја поддржиме Македонија! Да ги поддржиме момците кои веќе две години, и 14 едноподруго официјални квалификациски натпревари се без пораз.

Дуелот против Летонците ќе биде загревање за она вистинското кое следува во вторник, кога цела Македонија ќе навива репрезентацијата да дојде до втората позиција во групата, во втор квалификациски циклус по ред, со оглед дека преку Лигата на Нации веќе го има обезбедено баражот за Мундијалот 2026. Меѓутоа ако сакаме, барем на хартија, нешто полесни противници за баражот, тогаш ќе треба да го бркаме квалификацискиот бараж со победа против Велс во Кардиф.

Се вчитува...