Влхова најдобра на слаломот во Крањска Гора

Петра Влхова е победничка на денешната слаломска трка во Светскиот куп во алпско скијање која се возеше во словенечка Крањска Гора. Словачката скијачка до победата стигна со вкупно време од 1:44.29 минута, што беше за 23 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Швајцарка, Венди Холденер.

Подиумот го надополни Ана Свен-Ларсон од Шведска која доцнцеше секунда и шест стотинки зад времето на победничката. Водечката во генералниот пласман, Американката, Микаела Шифрин не ја заврши втората трка во словенечкиот ски-центар.

Се вчитува...