Влхова победничка во Леви, Шифрин се врати во Светскиот куп по пауза од 300 дена

Словачката скијачка Петра Влхова е победничка на првата слаломска трка во сезоната во алспко скијање која се возеше во финскиот ски центар Леви. Словачката до победата стигна со вкупно време од 1:50.11 стотинки што беше за 18 стоти делови од секундата побрзо од Микаела Шифрин која по пауза од 300 дена се врати во алпското скијање.

Третото место и припадна на Австријката Катарина Листбергер која доцнеше 57 стотинки зад времето на победничката.

Утре на програмата во финскиот ски центар е уште една, втора слаломска трка сезонава кај дамите во Светскиот куп.

Се вчитува...