Влхова повторно најдобра во Леви

Вториот слалом сезонава во Светскиот куп во алпско скијање кој се возеше во финскиот ски-центар Леви ни донесе реприза од вчерашната прва трка. Повторно до триумф стигна Словачката, Петра Влхова која до победата стигна со време од 1:45.22 стотинки.

Второто место и припадна на Американката, Микаела Шифрин која доцнеше 47 стоти делови од секундата зад победничкото време, додека подиумот како и вчера го надополни Германката, Лена Дир со заостанување од 87 стотинки зад времето на победничката.

Најдобрите алпски скијачи во светот следната недела се селат во Северна Америка. Жените ќе бидат во американскиот Килингтон, додека мажите ќе се натпреваруваат во Лејк Луис.

Се вчитува...