Влхова убедлива на слаломот во Лиенц

Петра Влхова е победничка на слаломската трка која денеска се возеше во австрискиот ски-центар Лиенц. Словачката до победата стигна со вкупно време од 1:42.10 минута што беше за 51 стотинка побрзо од второпласираната домашна скијачка Катарина Линсбергер.

Подиумот го надополни Мишел Гизин која доцнеше 68 стоти делови од секундата зад времето на победничката.

Водечка во генералниот пласман останува Микаела Шифрин која не учествуваше ниту на денешната слаломска трка во австирскиот град.

Се вчитува...