Влошена состојбата на Синиша Михајловиќ – Србинот е пред најголемата битка во животот

Синиша Михајловиќ веќе три години се бори со леукемијата, а сега италијанските медиуми објавуваат дека неговата состојба е влошена. Утрово медиумите од Италија ја пренесоа лошата вест искажувајќи поддршка за Михајловиќ да издржи во новата битка.

Михајловиќ имаше успешна трансплатација на коскена срцевина, но сега болеста се вратила и ситуацијата се влошила. Засега нема детални информации за колку влошена состојба станува збор. Никој од неговото семејство не се огласил во јавноста. Информациите на италијанските медиуми се дека тој е во стабилна состојба, но неговата ситуација нагло се влошила.

Се вчитува...