Нова шокантна вест пристигна за љубителите на фудбалот ширум светот. Легендарниот Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле (80), едвај се движи и поминува низ тежок период. Тој користи помагало за движење, а бразилските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на фудбалската легенда е влошена.
Пеле го доби својот документарец, а фановите на фудбалот беа шокирани кога го видоа Пеле во инвалидска количка, а потоа и како тој се движи со помош на „шетач“. Неговиот син Едињо, исто така потврди дека Пеле едвај се движи и дека мора да помине добар дел од своето време во инвалидска количка.
Едињо ги потврди и извештаите во медиумите за неговото влошено здравје, што влијае и на сонот на легендарниот Бразилец.
“Мојот татко едвај се движи. Неговото здравје не е најдобро. Му недостасува сон, вистински одмор. Тој победи многу противници, веруваме дека ќе го победи и овој најважен натпревар во неговиот живот”, рече синот на легендарниот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА