ВМФЛ: Кит Го броеше до 11 против „фенерџијата“ Партизан Обршани

Фудбалерите на Кит Го – Пехчево го декласираа фенерџијата Партизан Обршани со 11-0, во премиерниот натпревар од 26. коло од Втората македонска фудбалска лига. Феноменален во таборот на домаќините беше Антонио Бујчевски кој постигна четири гола и тоа за само 14 минути. Првиот гол го постигна во 13. минута. На 2-0 зголеми седум минути подоцна, во 22. го постигна третиот гол на мечот, а четвртиот во 27. минута. До крајот на полувремето на 5-0 зголеми Иле Синев. Во второто полувреме Кит Го, продолжи да го полни голот на гостите. Мартин Стојанов во 48. минута зголеми на 6-0, а три минута подоцна со голот на Иван Настевски стигнаа до 7-0. Во 53. минута Благој Гуцев зголеми на 8-0. Веќе во 55. минута со голот на Стојан Глигоров беше 9-0. На 10-0 зголеми Мартин Димовски во 70. минута, а конечните 11-0 ги постави Дејан Стоименов во 90. минута.

Кит Го останува на петтата позиција на првенствената табела со 47 бода, односно еден помалку од четврттиот Штип, додека Партизан Обршани останува на дното со само 13 бода.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...