ВМФЛ: Реми без голови на дербито меѓу Беса и Детонит, Пелистер минимално против Кожуф

Беса и Детонит Плачковица одиграа без голови 0-0 во дерби натпреварот на 20. коло во Втората фудбалска лига на Македонија. Со ова реми Беса е чекор поблиску до титулата во втората по ранг лига во Македонија, а Детонит останува во игра за второто место за кое до крајот ќе се боди со битолски Пелистер.

Toкму Пелистер славеше на домашен терен со минимални 1-0 против Кожуф и со тоа остана на 2. позиција на табелата. Стрелец за битолчани беше Спиркоски во 6. минута. Охрид го прегази Осогово со 5-0, додека Скопје со минимални 1-0 славеше над Вардар Неготино.

РЕЗУЛТАТИ – 20. КОЛО

ОХРИД – ОСОГОВО         5-0 

БЕСА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 0-0

АРСИМИ – КАРАОРМАН 3-0

ТЕТЕКС – КАМЕНИЦА САСА 1-3

ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА 0-0

ПЕЛИСТЕР – КОЖУФ 1-0

БАШКИМИ – НОВАЦИ 1-0

СКОПЈЕ – ВАРДАР НЕГОТИНО 1-0

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...