ВО 2021 ГОРАН ПАНДЕВ СЕ ПРОСТИ ОД НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ: „Гранде“ замина во репрезентативна пензија на најдобриот можен начин

Јуни, 21-ви. Македонија го игра последниот натпревар на Европското првенство против Холандија. На легендарната Арена „Јохан Кројф“, последниот меч е само формалност, затоа што е познато дека Македонија после тој меч се простува од друштвото на најдобрите. Но, резултатот и натпреварот е во сенка, барем за секој Македонец, со оглед дека тоа е последниот меч на големиот Горан Пандев во репрезентативниот дрес. По 122 меча во националниот тим, Пандев ја заврши репрезентивната кариера на најдобар можен начин – на Европско првенство, кое беше најголемиот успех на репрезентацијата.

На 37 години, Пандев се реши да каже крај на националниот тим, а оваа година ќе стави и крај на играчката кариера. Во 69. минута на легендарниот стадион во Амстердам беше заменет Пандев со Костадинов, а доби овации од целиот стадион.

 

Пред почетокот на натпреварот Пандев доби дрес од Холандија со бројот 122, во знак на неговиот последен настап за националниот тим. Навистина голема чест за Пандев кој ќе остане запаметен како најдобар играч од Македонија во историјата.

Освеен Пандев, од националниот тим минатата 2021 година се простија и Иван Тричковски, Крсте Велкоски и Ферхан Хасани. Исто така тоа беше последен натпревар на клупата за Игор Ангеловски и неговиот цел стручен штаб кој после тој меч ја напуштија селекцијата, а потоа на клупата седна Благоја Милевски, кој, пак, неколку месеци подоцна обезбеди бараж за Мундијалот.

Се вчитува...