„Во Алкалоид не чуваат како нивни деца, не постојат подобри услови во Македонија – ние сме едно семејство!“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски.

Во крајно интересен разговор, но полн и многу емоции, и двајцата го потенцираат Алкалоид како најдобрата одлука во своите досегашни кариери.

„Јас од Бутeл се преселив во Алкалоид, клуб во кој може да кажам дека до сега никаде не сум почувствувал вакви услови како што има тука. Се е на максимално ниво. Мислам дека во Македонија, според мене, нема подобри услови од оние во Алкалоид“ – вели Марко Митев.

На него се надополнува и голманот Иван Галевски.

„Од 2021 година сум во Алкалоид, всушност откога се формира јас сум од самиот почеток. Па еве, ова е мојата шеста година, и можам да кажам имам можност да соработувам со Кирил Лазаров, посветен човек на ракометот. За поздрав е тоа што дава шанса на млади играчи, затоа што мислам дека голем дел од тренерите немаат храброст да дадат шанса на млади играчи кога се крши резултатот. Многу пати сум ја искористил таа шанса, многу пати и не. Но, Лазаров ме трпел кога сум имал слаби натпревари. Тоа е за голем поздрав и заради тоа го одбрав овој проект. Како што кажа Марко, мислам дека Алкалоид е на највисоко ниво во Македонија, по услови. Едноставно не гледаат како нивни деца, како нивно семејство. Јас имав само 15-16 години кога дојдов во Скопје, дете, кое си најде своја фамилија. Едноставно ние сме една фамилија – Алкалоид“ – вели Галевски.

ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО МАРКО МИТЕВ И ИВАН ГАЛЕВСКИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...