Во Баерн децидни: Не го продаваме Левандовски, кој преговара ќе биде пријавен во ФИФА…

Раководството на Баерн Минхен категорично ги демантираше гласините дека Роберт Левандовски би можел во текот на летово да си замине од „Алијанц арена“. Германските медиуми шпекулираа дека полскиот голгетер е разочаран од управата и од тренерот Анчелоти, откако во последното коло беше „претркан“ од Обамејанг во трката за „златната копачка“ во Бундес-лигата, по што веднаш се појавија информации за интерес од Челси и од Манчестер јунајтед.

Баварците не чекаа премногу, па денеска преку соопштение децидно ставија крај на шпекулациите околу иднината на извонредниот голгетер.

Левандовски има договор со Баерн, кој неодамна го продолжи до 2021 година. Баерн не планира да го продаде овој фудбалер, не преговараме со ниту еден клуб, ниту пак ќе преговараме со било кого за Роберт. Ако некој друг клуб преговара со играч кој има долгогорочен договор, ќе биде пријавен од ФИФА и ќе го очекува казна. Агентот на фудбалерот исто така ни соопшти дека немало разговори со други екипи“ – се вели во соопштението на Баерн Минхен.

Се вчитува...