Во Белград цела ноќ „вонредна состојба“: Хулигани демолираа автобуси и продавници… (ВИДЕО)

Сериозни нереди се случуваа во текот на вчерашниот ден во Белград пред и после одигрувањето на 159. вечно дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан.

Пред почетокот на мечот дојде до жестока пресметка меѓу хулигани од двете навивачки групи, при што активирајќи и пиротехнички материјали беше загрозена безбедноста и на патници од локалните автобуски линии во главниот град на Србија.

 

По натпреварот, кој заврши без победник 1-1, големи нереди имаше низ центарот на Белград. Според информациите од полицијата демолирани и ограбени се неколку продавници, а била загрозена безбедноста на патници низ уште неколку автобуски линии во Белград.

Се вчитува...