Во Битола денеска нема да се игра фудбал! Дуелот Пелистер – Вардар одложен за 15. декември

Поради лошата ситуација на теренот во Битола, натпреварот од Купот помеѓу Пелистер и Вардар денеска нема да се игра. Вака одлучија официјалните лица на мечот, кои оценија дека нема услови за одигурвање на меч.

Теренот е покриен со снег, згора на тоа има и многу вода, па така дуелот е презакажан за 15. декември. Ова е второ одложување. Првото беше поради автобуската несреќа во Бугарија.

Другите натпревари ќе се играат во предвидениот термин од 13 часот.

Се вчитува...