Во Бразил со „руско“ работно време во текот на Мундијалот

Фудбалот е светост во Бразил и речиси е независливо Бразилците да работат додека нивната репрезентација игра на Светско првенство. Токму поради тоа, многу бразилски компании биле принудени да преминат на „руско“ време во текот на Мундијалот.

Во Бразил поради Мундијалот, работата е во застој или е со многу намалено темпо – во канцелариите на некои поголеми компании се поставени големи екрани и вештачка трева, обезбедена е бесплатна храна и флексибилно работно време за вработените. Поради временската разлика, натпреварите на бразилската репрезентација која е еден од фаворитите на шампионатот, во Бразил ќе се емитуваат или наутро или рано попладне.

Според истражувањата на Бразилската трговска комора, 28 проценти од компаниите, на вработените им дозволиле да земат слободни денови кога ќе игра нивниот национален тим, а 17 компании имаат подготвен посебен простор за гледање на натпреварите во текот на работното време.

Вработените во јавните служби исто така имаат можност да отсуствуваат од работа за време на натпреварите на бразилската репрезентација, а вообичаено во овие денови ќе работат само „неопходните служби“.

Во бразилската полиција, сепак, нема да ги следат натпреварите во полициските станици, но оттаму посочуваат дека во практика, за време на натпреварите на Бразил, обично има многу помалку интервенции.

Бразил првиот натпревар на СП во Русија го игра утре против Швајцарија.

Се вчитува...