Во Бреша се предомислија и си го вратија стариот тренер по само 27 дена

Легендарниот италијански фудбалер Фабио Гросо многу брзо доби отказ од тренерската позиција во Бреша. По само 27 дена, на клупата се враќа претходниот стратег Еугенио Корини. Раководството на клубот призна дека направило грешка.

Гросо беше предводник на тимот на три натпревари и не само што не освои ниту бод, туку Бреша не успеа да постигне ниту еден гол, со гол – разлика 0-10. Противниците и не беа „најстрашни“, Торино, Рома и Аталанта.

По 14 одиграни кола во Серија А, составот на Бреша е последен на табелата со само седум бода, но и натпревар помалку, а Корини ќе има задача да се обиде да обезбеди опстанок за тимот.

 

Се вчитува...