Во Брест „запалени“ пред Вардар: Шоуто може да почне, одиме на победа

Ракометарите на Брест Мешков со нетрпение го очекуваат стартот на новата сезона во ЛШ, максимално мотивирани влегуваат во дуелот со Вардар со надеж дека ќе стигнат до триумф над „црвено-црните“.

„Со денови наназад размислуваме само за мечот со Вардар. ЛШ се игра во нов формат, има само 16 екипи, а ние сме една од нив. Сакаме да докажеме дека заслужено сме дел од елитата, тоа можеме да го сториме само со триумф над Вардар. Свесни сме за промените во Вардар од летово, но исто така и ни е јасно дека нема да има лесни натпревари во ЛШ и можеме да триумфираме само ако дадеме 100% од себе“, вели Артем Селвесјук.

Најголемо засилување на белорускиот шампион беше Сташ Скубе, кој пристигна во Мешков токму од редовите на Вардар.

„Шоуто може да почне. Имавме добри резултати во подготвителниот период, но ова е она вистинското. За да се победи во ЛШ потребно е да се има и квалитет и карактер. За мене мечот со Вардар ќе биде од посебно значење бидејќи минав две прекрасни сезони во овој клуб, се уште имам многу пријатели таму“, истакна Скубе.

Се вчитува...