Во Челси се налутија – Куртоа си оди од „Стемфорд бриџ“

Раководството на Челси ги прекина преговорите за нов договор со Тибо Куртоа, оставајќи го првиот голман на лондонскиот клуб достапен за трансфер во овој преоден рок. Актуелниот договор на Куртоа истекува на крајот од наредната сезона, што значи дека Челси ќе мора да го продаде што поскоро, за за не ризикува во јули 2019 година тој да си замине како слободен играч.

Куртоа се обидел да ја искористи ваквата ситуација за да изнуди што подобри услови, но „сините“ решиле да не ги прифатат неговите барања, јасно порачувајќи му дека во наредната сезона нема да остане на „Стемфорд бриџ“.

Реал Мадрид и ПСЖ претходно се интересираа за услугите на Куртоа, но сега во трката би можел да се вклучи и Ливерпул, кој очајнички бара нов голман по кошмарниот настап на Кариус во финалето од Лигата на шампионите.

Што се однесува Челси, на листата со желби за нов голман на „сините“ се наоѓаат Алисон Бекер од Рома и Џек Батланд од Стоук.

Се вчитува...