Во чест на Драгослав Шекуларац: Ревија на легенди во Штип… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Како и што беше најавено, денеска во Штип беше откриено обележјето во чест на едно од најславните имиња на белградска Црвена Звезда, родениот штипјанец Драгослав Шекуларац.

Обележјето разбуди емоции кај популарниот Шеки истакнувајќи дека ова за него претставува огромна чест. Изработено е согласно најпопуларниот дриблинг на Шекуларац, препознатлива „пета преку глава“…

„Среќен сум навистина поради оваа укажана чест во мојот роден град кого навистина го сакам. Ова обележје треба да разбуди дополнителен мотив за развој на фудбалот во градот. Горд сум што јас сум мотивот за ова обележје и навистина сакам да му честитам на авторот“ – истакна Шекуларац.

obelezje 3

Веднаш по откривањето на обележјето потоа на Градскиот стадион во Штип, и покрај невремето кое го зафати градот и кое спречи и поголема прослава, беше одигран и ревијалниот натпревар меѓу ветераните на Црвена Звезда и ветераните на Брегалница.

Мечот се одигра и малку порано од предвиденото, во моменти кога се подсмири невремето. Но, никој не сакаше ревијалниот меч да биде одложен….

Меѓу легендите на Црвена Звезда беа браќата Бошко и Милко Ѓуровски, Драган Канатларовски, Митко Стојковски, Илија Најдоски, Ѓоре Јовановски, Жарко Серафимовски, а дополнети и со Рајковиќ, Милош Шестиќ, Караси, Арсениевиќ, Ачимовиќ, Стојановиќ, Живковиќ, Јефтовиќ… Станислав Караси беше капитенот на Црвена Звезда, а тимот го предводеше Драгослав Шекуларац. Специјален гостин беше легендата на Вардар и Црвена Звезда, Кирил Дојчиновски.

obelezje crvena zvezda 2

Меѓу легендите на Брегалница беа Коцев, Арсов (капитен), Иванов, Лазаров, Тасевски, Милосавов, Блажевски, Митев, Боров, Маџунаров, Алексовски, Тркаљинов, Томче Трајановски, Герасимов, Папаров и Маниќ. Штипјани беа предводени од Мирко Наџаков.

Правдата ја делеше Ванчо Коцев, со асистентите Мијалче Михајлов и Саше Иванов. Иако резултатот на ревијата најмалку важен, сепак вреди да се издвои дека мечот заврши без победник, 5-5. Стрелци на головите за Брегалница беа Маџунаров, Пане Блажевски, Томче Трајановски, Ѓорги Тркалинов и Тоде Митев, додека за Црвена Звезда во два наврати стрелаа Милко Ѓуровски и Дејан Стојановиоќ, а еден гол постигна Жарко Серафимовски.

[new_royalslider id=”673″]

Се вчитува...