Во дебито за Бешикташ, Кагава даде гол за 19 секунди, а по две и пол минути – уште еден!

Јапонскиот интернационалец Шинџи Кагава, кој дојде од Борусија Дортмунд, веднаш се покажа како супер-засилување за Бешикташ. Тој постигна два гола во триумфот (2-6) против Анталијаспор.

Влезе во игра како резерва во финишот и во првата акција го постигна дебитантскиот гол за својот нов тим. Само две и пол минути подоцна, постигна уште еден.

 

Се вчитува...