Во добра форма пред репрезентативниот собир: Давид Бабунски со гол донесе победа за Дебрецен

Давид Бабунски со гол донесе победа за својот тим Дебрецен во дуелот со Пакс во унгарскиот шампионат. Со тоа Бабунски покажа добра форма пред репрезентативниот собир закажан за вечерва, а од утре стартуваат подготовките за баражот со Италија.

Бабунски во 50. минута стрелаше во меч во кој стартуваше и неговиот брат Дориан, а потоа двајцата беа сменети.

Дебрецен со тоа дојде до осмата победа во шампионатот на Унгарија.

Се вчитува...