Во Франција нема логика: Донарума со наградата најдобар голман во Лига 1

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума ја доби наградата најдобар голман во сезоната во Франција. Неговиот тим ПСЖ дојде лесно до титулата шампион во Франција, но многумина сметаат дека оваа награда не ја заслужува Италијанецот.

Поранешниот голман на Милан сезонава бранеше само на 18 од можни 36 натпревари во Лига 1 и се менуваше со Кејлор Навас. Во 16 настапи успеа само пет пати да ја сочува мрежата. Пред него во „чисти мрежи“ се Валтер Бенитез од ница и Мац Селс од Стразбур кои имаа 14, односно 13 „чисти мрежи“, и многу повеќе одбрани од Донарума.

„Играв на пола натпревари, но оваа награда покажува дека добро си ја одработив задачата. Среќен сум што ја добив наградата во одличната прва сезона“, рече Донарума.

Се вчитува...