Дванаесет осомничени, меѓу кои и поранешниот турски репрезентативец Гокан Ѓонул, беа приведени денес во рамките на голема истрага за наводна манипулација на берзата во Истанбул, објавија турските медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул.
Дефанзивецот Ѓонул е поранешен играч на истанбулските гиганти Фенербахче и Бешикташ и има 66 настапи и 1 гол за турската репрезентација.
Друго познато име меѓу приведените е илузионистот Ареф Гафури.
Истрагата беше иницирана по извештај на Турскиот одбор за капитални пазари, во кој се утврди дека група лица вршеле координирано тргување на берзата со цел вештачки да ја зголемат цената и обемот на тргување на одредени акции. Како резултат на тоа, беа забележани абнормални флуктации на цените на акциите што не одговараа на природниот тек на пазарната активност. Ова доведе до загуби за малите инвеститори на берзата.
Апсењата беа извршени како резултат на истовремени операции во Истанбул, Анкара, Анталија, Самсун и Кахраманмараш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

