Во јули се бореше за живот, денеска го донесе на чекор до титула Дортмунд (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд направи голем чекор кон титулата во домашниот шампионат откако вечерва во крајно интересен натпревар славеше на гостувањето кај Аугзбург со 0-3 во 33. коло од Бундеслигата.

Иако „милионерите“ беа многу подобар противник во првото полувреме, не успеаја да го материјализираат тоа, па на пауза се замина со почетните 0-0, а за издвојување од првите 45 минути е дирекниот црвен картон кој го доби домашниот фудбалер Удокаи.

Во вториот дел клучниот момент во натпреварот се случи во 59. минута кога Себастијан Халер го постигна погодокот можеби вреден и титула за водство од 0-1, а истиот фудбалер зголеми и на 0-2 во 83 минута. За потсетување приказната да биде уште поголема пред почетокот на сезоната на Халер му беше дијагностициран рак на тестисите поради што долго време беше надвор од терените, но успеа да се избори со болеста и да се врати на терените.

Конечните 0-3 беа дело на Јулијан Брандт во 94. минута.

Со оваа победа Дортмунд има два бода повеќе од Баерн Минхен пред последното коло, па во последната рунда на домашен терен против Мајнц со победа ќе успеа да ја прекине доминацијата на Баварците.

 

Augsburg 0 – [1] Dortmund – Sebastien Haller 59′
by u/GodOfGols in soccer

 

 

Се вчитува...