Во Кратово како да се игра ватерполо: Арсими го шокираше Силекс пред крајот на полувремето! (ВИДЕО)

Во неверојатни услови за игра во Кратово, Арсими на полувремето има предност против Силекс од 0-1. И покрај тоа што теренот е натопен со вода, и топката тешко се движи, сепак, двата тима направија многу шанси.

Први се заканија фудбалерите на Арсими преку Олантубосун, а потоа дојдоа минутите за Силекс кои имаа шанси преку Алиќ и Говедарица. Следуваш приликата и на Донов, одбрани Исљами, а потоа следуваше и погодена статива од страна на Бутуровиќ од Силекс.

Жестокиот притисок на Силекс не даде водство, затоа, пак, на другата страна Силекс шокиран од страна на Арсими кој поведе. Акција по левата страна, одличен продор на Велиjа, кој го проигра осамениот Хуриќ, кој од прва успеа да го совлада Џеков и да му донесе предност на гостинот.

Се вчитува...