Во Ла Лига нема попуст: И ако прекине сезоната ќе има испаѓање

Најслабопласираните екипи ќе испаднат од Ла Лига, а ќе има и промоција на нови тимови во најсилната шпанска фудбалска конкуренција дури и во случај на прекин на шампионатот односно ако биде донесена одлука првенството да не биде комплетирано. Ваквата информација доаѓа од претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

„Во овој момент не го разгледуваме сценариото да не ја завршиме сезоната. Уверен сум дека Ла Лига порано или подоцна ќе биде комплетирана. На ова сме фокусирани, но морам да кажам дека и ако не заврши сезоната ќе има промоција на нови екипи, а ќе има и испаѓање. Сигурно нема да има проширување. Сето ова во случај да има откажување поради причини кои се надвор од наша контрола“ – вели Тебас.

Во случај Лигата да донесе решение за продолжување на шампионатот, а одреден клуб одбие да игра ќе се соочи со казни. Тебас објаснува дека фудбалската индустрија генерира голем дел од БДП и 180.000 работни места, затоа сите треба да бидат солидарни и да гледаат за општиот интерес.

Според моменталната табела во Шпанија, ако биде прогласен прекин поради немање услови за фудбалски натпревари Ла Лига би на напуштиле Мајорка, Леганес и Еспањол.

 

Се вчитува...