Во Леверкузен се свесни дека бајката нема долго да трае: Веќе се знае следниот клуб на Чаби Алонсо

Баер Леверкузен не успеа да дојде до посакуваниот трофеј во Лигата на Европа по поразот во финалето од италијанската Аталанта од 0-3.

Но, нема одмор за составот на Чаби Алонсо кого викендов го чека финалето и во Купот на Германија против Кајзерслаутерн за освојување на двојната круна во германскиот фудбал.

Сепак, во Леверкузен се свесни дека бајката од оваа сезона нема долго да трае. Веќе долго се пишува дека Алонсо е комплетно договорен со Флорентино Перез од јуни 2025 година да ја преземе екипата на Реал Мадрид. Карло Анчелоти на крајот од следната сезона го завршува договорот, а Алонсо треба да го замени.

Откако Алонсо сега ги одбо Баерн и Ливерпул беше јасно дека не го направи тоа само поради Леверкузен, а за тоа се свесни и челниците на германскиот клуб и самите навивачи.

 

Се вчитува...