Во Ливерпул можат да здивнат: Повредата на Трент не е сериозна

Повредата што Трент Александер Арнолд ја заработи на последниот дуел со Борнмут не е од посериозен карактер и англискиот репрезентативец наскоро ќе може да се врати на терените.

Добрата вест беше пренесена во англиските медиуми по деталните прегледи што беа извршени во изминатите денови, кои не покажаа значително оштетување на мускулните влакна, при повредата поради која Трент самиот побара да биде заменет во саботата. Првата прогноза вели дека тој ќе мора да мирува само неколку дена, по што ќе се врати на тренинзи, а потоа наскоро ќе може да и заигра за Ливерпул.

Ова значи дека Арне Слот нема да може да смета на стандардниот десен бек на реваншот од лига-купот против Тотенхем закажан за четвртон, а Трент речиси сигурно ќе добие поштеда и на наредниот меч од ФА Купот на Англија, во кој Ливерпул е голем фаворит против екипата на Плимут.

Желба на стручниот штаб е одличниот дефанзивец да може да се врати за големото градско дерби против Евертон закажано за 12 февруари.

Се вчитува...