Во Марсеј се славеше триумфот на Баерн: Каде сте сега вие од Париз (видео)

Речиси цела Франција вечерва навиваше за ПСЖ, но Марсеј е градот во кој гласно се бодреа фудбалерите на Баерн во големото финале против „светците“ од Париз.

Во изминатите денови се создаде непотребна тензија откако беше објавено дека ќе биде забрането за лица во дресови на ПСЖ да шетаат низ Марсеј на денот на финалето. Подоцна забраната беше повлечена, но тензиите останаа, а приврзаниците на Олимпик Марсеј едвај дочекаа да фатат сеир по поразот на големиот ривал.

По последниот свиреж на судијата во Лисабон, на улиците на Марсеј почнаа да слават навивачите на Олимпик, со порака – каде сте сега вие од Париз?

Се вчитува...