Во меч на актуелниот и поранешниот наш селектор: Нант го победи ППД Загреб, три гола за Лазаров

Нант успеа да дојде до тешка победа против ППД Загреб од 30-28 во натпревар од Лига на шампиони во кој новиот македонски селектор Кире Лазаров славеше против тимот на поранешниот македонски селектор, Ивица Обрван.

Лазаров, овој пат како играч на Нант беше подобар од Обрван кој со пораз дебитираше на клупата на ППД Загреб, притоа завршувајќи го натпреварот и со три постигнати голови, иако во текот на целиот натпревар извонредно ги разигруваше соиграчите.

Ривера беше најефикасен кај Нант со 10 голови, а на спротивната страна, Мандиќ и Хрстиќ постигнаа по пет погодоци.

Загреб го забележа дванаесеттиот пораз од исто толку натпревари во групата, додека Нант стигна до петтата победа.

Се вчитува...