Во мечот на „старите крвници“, Надал го реши Кирјос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во третото коло на Вимблдон откако во одличен меч успеа да слави против австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос.

Надал победи во четири сета со 6-3, 3-6, 7-6(5) и 7-6 (3), во мечот меѓу двајцата „стари крвници“ за кои е добро познато дека не се во најдобри односи. И пред денешниот дуел имаше повеќе од „остри стрели“ од двете страни. Во осмата меѓусебна пресметка Надал сега успеа да го израмни резултатот на 4-4 против Кирјос.

Надал во третото коло ќе се соочи со Жо Вилфред Цонга кој претходно беше подобар од Беранкис.

Се вчитува...