Во Мелбурн се понапнато: Одложен ждребот за Австралија опен

Во Австралија се понапнато. Ждребот за првиот грандслем турнир кој треба да почне во понеделник, 8. февруари, е одложен. Иако требаше да се одржи денеска од 8 часот по македонско време, истиот е одложен за утре.

Австралија опен е пред многу силен предизвик поради пандемијата на коронавирусот, но организаторите најавуваат дека турнирот ќе се одржи

И премиерот на Викторија, Даниел Ендрјуз изјави дека одржувањето на првиот грандслем турнир сезонава и покрај проблемите не е загрозено.

Се вчитува...