Во МЗТ Скопје грееше клупа, сега се пријави на НБА-драфтот

Кошаркарот на МЗТ Скопје, Берке Атар реши да си ја проба среќата и се пријави за претстојниот драфт во НБА-лигата, што ќе се одржи во текот на летото. Атар пристигна пред неколку месеци во таборот на „металците“, овој 20-годишен центар не се снајде најдобро во редовите на македонскиот првак добивајќи минимална минутажа, во која постигнуваше по 3,2 поени и 1,7 скокови по натпревар.

Тој е еден од двајцата турски талентирани кошаркари што решија да се пријават на НБА-драфтот, заедно со Еркан Османи. Атар важи за еден од најдобрите турски кошаркари, тој беше дел од младинските репрезентации на својата земја на дури три европски шампионати.

Младиот Турчин потпиша договор со МЗТ до крајот на сезонава, па и доколку не биде избран на НБА-драфтот, за што веројатноста е огромна, во секој случај нема да го продолжи престојот во таборот на аеродромци.

Се вчитува...