Во Наполи лути по дербито со Интер: Ограбени сме!

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис после поразот на домашен терен од Интер, коментираше против судиите и неговите одлуки, кои според него, влијаеле на поразот од 0-3 на крајот за „нероазурите“.

Со тоа Интер го потврди првото место на тбаелата со 35 бодови, пред Јувентус кој има 33, додека Милан 29. Наполи има дури 11 бодови помалку од Интер.

„Се чувствуваме ограбени, тоа е единствено нешто што можам да го кажам после вакво судење. Судијата Давид Маса немаше своја вечер. Направи неколку клучни грешки, и сите на наша штета. Тоа влијаеше на резултатот“, изјави Де Лаурентис.

Првиот човек на Наполи наводно му забранил на тренерот Валтер Мацари да излегува пред новинарите.

Се вчитува...