Во натпревар со многу пресврти Лион го совлада Бордо

Олимпик Лион го совлада Бордо со 2-3 во воведниот натпревар од 34. коло во француската Лига 1. Гостите поведоа 0-1 со голот на Мемфис Депај во 14. минута. Домаќините успеаја за четири минути да направат целосен пресврт со головите на Џими Бријан во 34. и Никола де Превил во 38. минута.

Второто полувреме почна со одлична игра на гостите кои преку Максвел Корне успеаја да ја материјализираат во 67. минута. Фудбалерот на Бордо Вукашин Јовановиќ поради неспортско однесување доби директен црвен картон, а бројчаната предност гостите од Лион ја искористија во 85. минута кога Муса Дембеле ги постави конечните 2-3.

Се вчитува...