Во Неапол се продава тоалетна хартија „Сари“

Маурицио Сари е „непожелна личност“ во Неапол по неверството кон „наполитанците“ и преселбата на клупата на Јувентус само една година по заминувањето од „Сан Паоло“.

Одмаздата е веќе добро позната, па по продавниците низ овој град може да се најде тоалетна хартија со ликот на поранешниот тренер. Тоа претходно беше случај и со Игуаин по трансферот од Наполи во Јуве, но и со Роналдо кога Португалецот ја засили „старата дама“.

„Наполитанците“ не простуваат, а нема сомнеж дека ќе подготвен пеколен дочек за Сари при гостувањето на Јувентус во 21. коло од „Серија А“.

Се вчитува...