Во Ново Лото 7/34 , по седумката падна и 6+1

76 коло на НовоЛото 7/34 кое се одржа на 23.09.2017 година, му донесе среќа и вредна добивка на Д.Р, пензионер од Скопје. Тој денес ги посети просториите на Државната лотарија на Македонија и видно возбуден ни ја раскажа својата приказна.

Среќниот пензионер е играч на игрите на среќа на Државната лотарија на Македонија години наназад, но последниве 3 години секогаш ги игра истите бројчиња. Овој пат уплатил  6 комбинации во вредност од 120 денари, а неговата среќна комбинација била токму петата комбинација која му донела добивка 6+1  во вредност од 670. 485, 00 денари. Добитното ливче го уплатил на среќното место Тобако „Толакс“ во Бисер.

loto tiket

Кога сфатил дека бројките што се редат се токму неговите среќни бројки, веднаш и кажал на сопругата, а потоа ги известиле нивните деца. На нивната радост немало крај. Ова не е прва добивка за нив, но секако е најголема, а се надеваме дека нема да биде и последна.

Средствата од добивката ќе ги подели на неговите деца, а ќе остави нешто и за себе и за сопругата. Тој им порача да на сите играчи на игрите на среќа, да го пронајдат своето Среќно Место и да ги уплатат своите среќни броеви, бидејќи со среќата никогаш не се знае.

ЗА ДОБРО !

Државна лотарија на Македонија

Комерцијален текст

Се вчитува...