За да дојде до титулата, Мерцедес му го додели најдобриот мотор на Хамилтон

Луис Хамилтон со славјето на последните две трки во Ф1 шампионатот, го намали заостанувањето на Макс Верстапен во генералниот пласман. Актуелниот првак одлично возеше во Бразил и Катар, и доминатно дојде до победи, и сега разликата меѓу двајцата е само осум бодови.

До крајот на возбудувањата има уште две трки на кои не очекува спектакл во битката за првак.

Верстапен е свесен дека мора да го даде најдоброто од себе доколку сака да го „симне од тронот“ Хамилтон кој е во одлична форма.

Следната трка се вози во Саудиска Арабија, на сосема нова патека. Од Мерцедес ќе му испорачаат на Хамилтон најдобар мотор што може, за да му овозможат да дојде до битката за првото место во генералниот пласман.

Но, јасно е дека ниту Ред Бул нема да се предаде, особено сега кога се така блиску до титулата.

Се вчитува...