Во огромна тага: Лестер ја потврди смртта на претседателот

Англискиот премиерлигаш Лестер официјално ја потврди трагичната вест за смртта на претседателот на клубот, Вишаи Шривадханапрабха. Тој и уште четири лица, од кои двајца пилоти, загинаа по уривањето на хеликоптерот во близина на стадионот „Кинг Пауер“, веднаш по завршувањето на натпреварот меѓу Лестер и Вест хем (1-1) од Премиер – лигата. Голема експлозија ги шокираше фановите кои се уште ги напуштаа трибините на стадионот, а огромна тага и неверување се прошири низ цела Англија.

Клубот Лестер издаде соопштение во кое ја потврди трагедијата и информацијата за големата загуба. Во вторник ќе биде отворена книга на жалост во просториите на клубот.

Се вчитува...