Во „ослободените“ градови НБА играчите ќе почнат со тренинзи на 1.мај

Во градовите и државите кои не се веќе во најтешката фаза од пандемијата на коронавирусот и каде што властите ги олабавија рестриктивните мерки за излоација, дел од НБА клубовите веќе на 1. мај ќе почнат со тренинзи.

Ова се смета за чекор напред во насока на враќањето на НБА лигата која е во прекин од 11. март кога беше потврден позитивниот тест на COVID-19 на играчот на Јута, Руди Гобер.

Сепак и покрај тоа што многу се зборува за рестарт на НБА лигата засега официјално нема никаква објава околу евентуалниот нов почеток. Главната идеја е клубовите да бидат во еден или но неколку градови во своевидни карантински услови и натпреварите да бидат одигрувани во ограничен број сали најверојатно без публика со тоа што сите мечеви би можеле да се следат на ТВ.

 

 

Се вчитува...