Во Партизан не го сакаат контроверзниот Огњен Врањеш, па тој револтиран: „Бедни сте, сите до еден!“

Контроверзниот поранешен репрезентативец на БиХ со српско потекло, Огњен Врањеш се потенцираше како едно од летните засилувања на белградски Партизан за новата сезона.

Но, по тие информации во јавноста веднаш се огласија поранешни партизанови фудбалери, меѓу кои и 39-годишниот Бојан Остојиќ кој истакна дека такви играчи не би требало да го носат дресот на Партизан, посебно затоа што и во минатото често знаел да го навредува Партизан.

И, само неколку часа покасно се огласи 33-годишниот Врањеш кој со непримерен речник му одговори на поранешниот соиграч:

„Кога одеднаш сите големи Гробари ќе се појават, полтрони како Остојиќ. Е, мој поранешни соиграчи, баш сте бедни, сите до еден“.

Но, не само поранешните играчи на Партизан. Врањеш во црно-белиот дрес не го сакаат ниту најверните навивачи на клубот, „Гробарите“ кои на последниот првенствен меч од сезонава против Вождовац се појавија со транспарент против Врањеш кој беше играч на Црвена Звезда од 2009 до 2011 година, а во кариерата е познат и по бројни инциденти.

Сепак, најпозна е по аферта со турбофолк ѕвездата Јелена Карлеуша.

Се вчитува...