Андреј Јакимовски пак е отсутен за репрезентацијата

Кошаркарска репрезентација во февруарскиот „балон“ на ФИБА нема да може да смета на услугите на еден од најталентираните млади репрезентативци, Андреј Јакимовски. Кошаркарот на Вашингтон Стејт не доби дозвола од својот Универзитет да биде дел од селекцијата која ќе се обиде да обезбеди нов настап на Европско првенство.

Покрај Јакимовски на селекторот Тодоров на првиот дел од подготовките во Скопје нема да му бидат на располагање ниту интернационалците кои настапуваат во Шпанија, Ненад Димитијевиќ и Стојан Ѓуроски, поради обврски со своите клубови, но тие двајца ќе бидат во составот за пеколниот февруарски распоред за нашиот национален тим.

„Добивме и официјална писмена потврда од Универзитетот Вашингтон Стејт со која нè информираат дека Андреј Јакимовски не може да биде ослободен од обврските во тој временски период. Го прифативме тоа, ќе играме без сите кои ќе ги немаме на располагање“– изјави спортскиот директор на национален тим, Тодор Гечевски.

Се вчитува...