Во продажба билетите за мечевите со Полска и со Австрија: За само 150 денари поддршка за Македонија

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека од денеска се пуштени во продажба билетите за квалификациските натпревари за ЕП 2020 против Полска (7. јуни) и против Австрија (10. јуни) кои се играат на националната арена „Тодор Проевски“.

„Купи билет од 150 денари и биди поддршка за македонската репрезентација против Полска и Австрија. Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација од денеска ќе можат да купат билет за натпреварите против Полска и Австрија преку продажната мрежа MkTickets и на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall (пред влезот на кафулето Play)“ – информираат од ФФМ.

Билети ќе можат да се купат и на благајната на националната арена „Тодор Проески“ од 1. јуни (сабота), а од 3. јуни (понеделник) и во Фудбалската федерација на Македонија – „Куќа на фудбалот“.

Се вчитува...