Во ПСЖ подготвени за сценариото „заминување на Покетино на Олд Трафорд“

Откако се појави информацијата дека Мауруцио Покетино ќе се пресели на Олд Трафорд и ќе го превземе Манчестер Јунајтед, „Ла Паризиен“ пишува дека во таборот на ПСЖ не се многу загрижени од оваа информација, со оглед дека имаат сценарио.

Доколку Покетино се одлучи да замине и да се приклучи на Манчестер, тогаш ПСЖ веднаш има најдено замена. А, тоа е Зинедин Зидан, кој што е без работа откако си замина од Реал Мадрид по завршување на минатата сезона.

Според француските медиуми, Зидан чека селекторско место во Франција, но тоа нема да се случи најмалку до Мундијалот во Катар затоа што Франција се пласираше на Светското првенство. Но, од ПСЖ се подготвени да му понудат договор до крајот на сезоната, со можност да биде продолжена соработката и за следните сезони.

Се вчитува...