Во ПСЖ убедени дека Мбапе ќе остане: Преговорите одат во посакуван тек

ПСЖ работи на продолжување на договорот со Килијан Мбапе. Според „ЕСПН“, во ПСЖ е се поголема убеденоста дека ќе успеат да го задржат Мбапе и после завршувањето на оваа сезона, до кога францускиот фудбалер има договор.

Семејството на ПСЖ наводно разговарало со раководството, но договорот ќе биде продолжен на само една година, односно до 2023. Се претпоставува дека Мбапе се согласил на продолжување на соработката со парискиот клуб.

Преговорите на двете страни будно ги следи и Реал Мадрид кој чека ангажман на Мбапе како слободен фудбалер.

Се вчитува...