Во Рома револтирани: Ни се гади веќе од ова сра.е!

Претседателот на Рома, Џејмс Палота беше бесен по синоќешниот натпревар против Порто во Лигата на шампионите. Португалците ја елиминираа Рома по продолженијата со гол во 117. минута за 3-1.

„Волчицата“ во последните моменти од второто продолжение многу лесно можеше да добие пенал откако Патрик Шик беше соборен во казнениот простор, но иако беше прегледан и ВАР, удар од белата точка не беше досуден.

„Минатата година побаравме ВАР во Лигата на шампионите затоа што бевме уништени во полуфиналето, но и сега ни се случи истото иако постои ВАР. Шик беше соборен, ВАР тоа го докажува а сепак ништо не е судено. Веќе ни се гади од ова сра.е. Немам што повеќе да кажам“ – изјави синоќа Палота.

Според најавите, челниците на Рома размислуваат и за отказ за тренерот Ди Франческо.

Се вчитува...